Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) вечерва организира симболичен протест против најавената реконструкција на Градскиот трговски центар, на кој ќе се догради уште еден кат, ќе стане објект од затворен тип и ќе добие фасада во барок. Претходно тие цел ден ќе собираат потписи од граѓаните. Целта е да се зачувува постојниот изглед на објектот, [...]