Сингапур ги повика своите жители да не излегуваат на отворено заради досега незабележеното големо загадување на воздухот, предизвикано од шумските пожари во соседна Индонезија, пренесоа американските медиуми. Во Малезија беа затворени околу 200 училишта. Во Сингапур денеска ситуацијата со чадот, носен од индонезиските пожари, сериозно се влоши и загадувањето на воздухот достигна опасно високи ниваа, што [...]