Пејачот Димитар Андоновски бил приведен во 1:02 часот утрово од неговото кафуле „Пијано“ во Битола, јавува Курир. Андоновски бил задржан неколку часа во полициската станица. Тој за немилиот настан објави на социјалните мрежи и се пожали на начинот на кој бил третиран.