22 годишен гостиварчанец утрово бил спасен од водите на Охридското Езеро, кај плажата Славија, јавува OhridNews. Според порталот, момчето со хендикеп се давело во водите на Охридско, но, за среќа, граѓаните кои во моментот биле на плажата веднаш интервенирале и го извадиле од водата. Прва помош му пружил лекар кој случајно се нашол на плажата. [...]