СВР Штип од денеска има нов началник. Јордан Ламановски доаѓа на местото на Момчило Сталетиќ, кој како в.д началник беше поставен а 9. април минатата година, по разрешувањето на Ѕвонко Каширски. Сталетиќ требаше да воведе ред во СВР Штип, откако акцијата „Детонатор“ го стресе градот и донесе разрешувања на десетина полициски службеници и началникот Каширски. [...]