Жителите на Топаана денеска го блокираа влезот на скопската населба, поради полициско насилство. Тие поставиле контејнери на влезовите и не дозволуваат пристап ни на полицијата ни на минувачите. Протестираат против бруталноста на полициските специјалци кои синоќа дошле во населбата во потрага по затвореник. Ситуацијата ескалирала кога се вмешале жителите кои го попречувале приведувањето на затвореникот. [...]