Возач на “Лада” вечерва околу 09 часот влета во група пешаци на улица во Нови Сад, при што повредени се двајца возрасни и две деца, јави белградски „Блиц“. Едно дете по прегледот во болница било пуштено да си замине, додека другото е на операција. Полицијата го привела возачот.