Сигурни извори на порталот на албански јазик Almakos, информират дека дека е убиен Албанец од Македонија, кој се борел на страната на бунтовниците, против власта на претседателот на Сирија, Башар ал Асад. Младиот гостиварчанец, Расим, бил дел од опозициското движење „Јабха ел-нусрах“. Расим е првиот доброволец од Македонија, кој е убиен во Сирија, објавува Almakos.