Портпаролот на ДУИ и поранешен министер за здравство Бујар Османи вчера се радуваше на раѓањето на неговата ќерка. Сопругата на Османи, дваесет и четиригодишната Валбона вчера утро се породила и на свет ја донела нивната прва рожба. Османи за медиумите изјавил дека е пресреќен и неговата ќерка која ќе го носи името Елиза е прекрасна.